Ресенската полиција поднесе извештај против двајца малолетници кои предизвикале пожар во напуштен објект,при што едниот од нив го снимал чинот со мобилен телефон.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе извештај против двајца малолетници од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“. На 02.11.2026, пријавените предизвикале пожар во напуштен објект на Водостопанство, при што едното снимало со мобилен телефон“, соопшти МВР.

