Градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ, бил физички нападнат денеска попладне во ресторан во градот, по што поради здобиените повреди бил пренесен во Општата болница во Чачак.
Според неофицијалните сознанија го нападнал маж на средна возраст кој се наоѓал во истиот локал.
– Милун има видливи повреди на главата и коленото, а поради повредите што ги здобил, има тешкотии со движењето. Нападнат е од маж кој се наоѓал во истото кафуле – изјавил еден од очевидците за агенцијата РИНА.
Неофицијалните информации укажуваат дека лицето кое се поврзува со инцидентот во градот на Морава е познат локален спортски работник.
Инаку, Тодоровиќ и претходно се соочувал со сериозни здравствени предизвици, откако во 2025 година претрпе мозочен удар од кој сè уште се опоравуваше.
Точниот степен на повредите од денешниот напад, како и мотивите и околностите под кои се случил инцидентот, засега не се познати.

