Close Menu
Press24
    Најново

    Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи

    23.11.2026 во 17:50

    Нови налепници за возилата и казни до 500 евра: Возачите ќе мора да пријавуваат промена на телефон во рок од три дена

    23.11.2026 во 17:39

    Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт

    23.11.2026 во 17:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи
    • Нови налепници за возилата и казни до 500 евра: Возачите ќе мора да пријавуваат промена на телефон во рок од три дена
    • Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт
    • Температурите паднаа под нулата: Измерени -2 степени во 16 часот
    • Утре се празнува Свети Мина: Отишле во црква да се молат за девојчето, а за време на операцијата се случило чудо
    • Министерството за здравство со осуда за нападот во „Јане Сандански“: Насилството врз лекарите мора да се санкционира
    • Полицаец продавал дрога во Струмица
    • Паднаа двајца полицајци – Едниот барал пари од патник, па ги делел со колегата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи

    Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи

    23.11.2026 во 17:50Updated:23.11.2026 во 18:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина.

    Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии.

    Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион.

    Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот.

    Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната.

    На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО.

    Прочитај повеќе

    Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати

    23.11.2026 во 14:56

    Филипче: Фон дер Лајен кажа дека нè чекаат во ЕУ со нашиот јазик и идентитет, паѓа во вода приказната за предавство

    23.11.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.