Close Menu
Press24
    Најново

    Министерството за здравство со осуда за нападот во „Јане Сандански“: Насилството врз лекарите мора да се санкционира

    23.11.2026 во 16:50

    Полицаец продавал дрога во Струмица

    23.11.2026 во 16:32

    Паднаа двајца полицајци – Едниот барал пари од патник, па ги делел со колегата

    23.11.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерството за здравство со осуда за нападот во „Јане Сандански“: Насилството врз лекарите мора да се санкционира
    • Полицаец продавал дрога во Струмица
    • Паднаа двајца полицајци – Едниот барал пари од патник, па ги делел со колегата
    • Директор, референти и двајца превозници осомничени за незаконска сеча и транспорт на дрва во Дебар
    • Апсења во Скопје
    • Нова опрема за кугларската сала во Битола: Ќе се овозможи одржување меѓународни натпревари
    • Засилени инспекциски контроли во Бутел: Се проверуваат објекти, тераси и градежни дозволи
    • Утре седум часа ќе нема струја – Проверете каде се најавени исклучувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерството за здравство со осуда за нападот во „Јане Сандански“: Насилството врз лекарите мора да се санкционира

    Министерството за здравство со осуда за нападот во „Јане Сандански“: Насилството врз лекарите мора да се санкционира

    23.11.2026 во 16:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најостра осуда за нападот врз медицинскиот персонал пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје упати Министерството за здравство, порачувајќи дека насилството во здравствените установи е недозволиво и мора да биде санкционирано.

    Од ресорното министерство нагласуваат дека секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници при извршувањето на нивните работни задачи мора да биде соодветно казнет.

    Оттаму потсетуваат дека ваквите дејствија се третираат како кривично дело согласно законската регулатива.

    „Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни“, соопштија од Министерството.

    Од институцијата истакнуваат дека здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните, поради што нивното почитување и заштита мора да бидат заеднички приоритет.

    Прочитај повеќе

    Полицаец продавал дрога во Струмица

    23.11.2026 во 16:32

    Паднаа двајца полицајци – Едниот барал пари од патник, па ги делел со колегата

    23.11.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.