Најавени се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре, вторник (24.11.2026 година), на подрачјето на општините Петровец и Гази Баба.
Во реонот на Петровец и Катланово, без струја ќе бидат потрошувачите од улица 1 во Катланово, во периодот од 8:00 до 15:00 часот. Прекинот е поради замена на три столбови на извод 1 од с. Катланово – Стари Лозја.
Во општина Гази Баба, потрошувачите во делови од Маџари и Хиподром ќе останат без електрична енергија од 8:30 до 14:30 часот.
Ова се однесува на дел од улиците „Благоја Стефковски“, „Разлошка“, „Валандовска“ и „Никола Киров Мајски“, поради планирани активности во трафостаниците „Маџари 15“ и „Маџари 21“.
Предвидените зафати опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во кабловските глави и трансформаторите.

