Петнаесет лица се повредени во пожар што синоќа избувна во болница во берлинската населба Лихтенберг, во источниот дел на градот.
Според информациите од полицискиот портпарол, огнот избувнал во соба на првиот кат од објектот. Првичните индиции упатуваат на тоа дека пожарот го предизвикал пациент, кој ја запалил постелата во својата соба.
Пожарникарските екипи успеале да го изгаснат пламенот, но густиот чад се проширил и во останатите простории, поради што била спроведена евакуација на дел од болничкиот објект.
Од вкупно повредените, тринаесет лица поминале со полесни повреди. Поради вдишување чад, лекарска помош им била укажана на една медицинска сестра и на пациентот осомничен за подметнување на пожарот. Медицинската сестра била пуштена дома по амбулантскиот третман, додека пациентот е задржан на натамошно лекување.
Надлежните служби спроведуваат истрага за целосно расветлување на причините и околностите под кои настанал инцидентот.

