Close Menu
Press24
    Најново

    Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат

    23.11.2026 во 09:07

    Трагедија во Скопје: Мртва жена пронајдена во нејзиниот дом

    23.11.2026 во 08:56

    Хорор во Скопје: Жена со скалпел се обидела да ограби младо момче

    23.11.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат
    • Трагедија во Скопје: Мртва жена пронајдена во нејзиниот дом
    • Хорор во Скопје: Жена со скалпел се обидела да ограби младо момче
    • Огромни температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР со лоша временска најава
    • „Очи в очи за подобро“ – Мицкоски најави директни средби со граѓаните
    • Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”
    • СДСМ: Ако сè е во ред со Алта банка, зошто сега треба да се спасува
    • Трагедија: Почина познат македонски бизнисмен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат

    Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат

    23.11.2026 во 09:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од половината домаќинства во Македонија немаат деца, а нивниот удел во вкупниот број во 2025 година достигнал 66,1 процент. Од друга страна, 33,9 проценти од домаќинствата имале издржувани деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

    Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

    Интересно е што Македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската Унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

    Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во Македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

    Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

    Податоците на Евростат покажуваат дека во Европската Унија продолжува трендот на намалување на домаќинствата со деца. Нивниот удел од 26,9 проценти во 2010 година се намалил на 23,3 проценти во 2025 година.

    Истовремено, расте бројот на домаќинства во кои живее само едно возрасно лице без деца. Нивниот удел во ЕУ се зголемил од 33,6 проценти во 2015 година на 37,5 проценти во 2025 година. Наспроти тоа, домаќинствата составени од двојки со деца се намалиле од 16,6 на 14,7 проценти.

    Меѓу земјите членки на ЕУ, Словачка има најголем удел на домаќинства составени од двојки со деца – 20,3 проценти. Следуваат Кипар со 19,6, Чешка со 18,4 и Луксембург со 18,3 проценти.

    Кај домаќинствата со едно возрасно лице и деца, највисок удел има Естонија со 9,4 проценти, пред Летонија со седум и Ирска со 6,9 проценти.

    Најголем удел на домаќинства составени од едно лице без деца има Литванија со 62,5 проценти. Високи стапки бележат и Естонија со 53,8 и Финска со 47,9 проценти.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Трагедија во Скопје: Мртва жена пронајдена во нејзиниот дом

    23.11.2026 во 08:56

    Хорор во Скопје: Жена со скалпел се обидела да ограби младо момче

    23.11.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.