24-годишна скопјанка била повикана на разговор во полициска станица по пријава дека пред нешто повеќе од еден месец се обидела да ограби 18-годишно момче, заканувајќи му се со остар предмет – скалпер.
Според информациите од МВР, настанот се случил на 15 октомври годинава, а осомничената на 21 ноември била повикана на службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.
Од полицијата информираат дека 24-годишната девојка го појаснила начинот на кој било извршено делото.
По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Кисела Вода ќе поднесе кривична пријава против неа за „разбојништво во обид“.

