Close Menu
Press24
    Најново

    Рускиот патријарх се сретна со владиците на МПЦ-ОА: „За првпат сте тука како делегати на Македонската црква со законска автокефалија“

    22.11.2026 во 10:43

    Во Берово најладно, најмногу дожд во Маврово

    22.11.2026 во 10:41

    Спремете се: Од утре заладување

    22.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рускиот патријарх се сретна со владиците на МПЦ-ОА: „За првпат сте тука како делегати на Македонската црква со законска автокефалија“
    • Во Берово најладно, најмногу дожд во Маврово
    • Спремете се: Од утре заладување
    • Мицкоски: „One Stop Shop” ке го олесни транспортот на патници меѓу Македонија и Албанија
    • Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип
    • Жителите на Крива Паланка на протест побараа решение за кравите кои слободно шетаат по улиците
    • Мицкоски за Алта банка: Паднаа во вода шпекулациите на опозицијата
    • ФОТО: Ова е местото каде полицијата го пронајде телото на 38-годишниот Един
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рускиот патријарх се сретна со владиците на МПЦ-ОА: „За првпат сте тука како делегати на Македонската црква со законска автокефалија“

    Рускиот патријарх се сретна со владиците на МПЦ-ОА: „За првпат сте тука како делегати на Македонската црква со законска автокефалија“

    22.11.2026 во 10:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот Хераклејски Климент. Средбата се одржала на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир во Москва, за време на посетата на македонските архиереи по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх.

    Обраќајќи им се на гостите, Кирил ја истакнал словенската и духовната блискост меѓу двете цркви, но и фактот дека ова е прва посета на македонски претставници во својство на делегати на Црква со призната автокефалност.

    „Многу нешта нè поврзуваат, веќе затоа што сме Словени, припаѓаме на кирилометодиевската традиција и го разбираме јазикот едни на други. Многу сум радосен што сега имаме можност заедно да се молиме и да служиме богослужби“, рекол Кирил.

    Тој посебно нагласил дека оваа средба има историско значење.

    „Нашата денешна средба е посебна: за првпат присуствувате како делегати на Македонската црква – помесна црква која доби законска автокефалија“, изјавил рускиот патријарх.

    Според соопштението на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, Кирил оценил дека односите меѓу Московската патријаршија и Македонската православна црква – Охридска архиепископија активно се развиваат. Како пример ги посочил македонските студенти кои се образуваат во духовните училишта на Руската православна црква, како и разговорите за реализација на заеднички проекти.

    Митрополитот Георгиј, од своја страна, истакнал дека македонската делегација во Москва престојува како пратеник на архиепископот охридски и македонски Стефан, со задача да ги пренесе неговите честитки и желби по повод роденденот на Кирил.

    „Дојдовме како пратеници испратени од неговото блаженство архиепископот Стефан, за да ги пренесеме неговите искрени и срдечни честитки, желби за здравје и сили за понатамошно извршување на првосветителската служба“, рекол митрополитот Георгиј.

    Во разговорот тој изразил благодарност за поддршката што Московската патријаршија ја дала во процесот на решавање на статусот на Македонската православна црква и доделувањето на автокефалноста од Српската православна црква.

    Георгиј потсетил и на можноста што пред дваесет години им била овозможена на македонските студенти да се образуваат во духовните училишта во Русија, посочувајќи дека дел од нив денес се професори во семинариите и на Богословскиот факултет, како и на други значајни црковни институции во Македонија.

    Македонската делегација на Кирил му подарила икона на светите рамноапостолни Кирил и Климент Охридски.

    Рускиот патријарх, пак, испратил подарок за архиепископот Стефан – комплет од две панагии и напрсен крст, а на митрополитот Георгиј и епископот Климент им подарил панагии.

    Средбата е дел од серијата билатерални разговори што Кирил ги одржа со претставници на помесните православни цркви за време на одбележувањето на неговиот 80-ти роденден во Москва.

    Religija.mk

    Прочитај повеќе

    Во Берово најладно, најмногу дожд во Маврово

    22.11.2026 во 10:41

    Спремете се: Од утре заладување

    22.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.