Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта, претежно во западните делови од земјата, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне наместа повремено ќе биде засилен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од -1 до 7 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во четврток и петок повторно ќе има врнежи од дожд.

