Close Menu
Press24
    Најново

    Ковид-19 сè уште е присутен во Македонија, потврдени три нови случаи

    20.11.2026 во 18:39

    Владата со порака до партиите: Насилството не е тема за политички пресметки

    20.11.2026 во 18:28

    Секоја пријава за семејно насилство веднаш ќе оди до обвинител, договорија Тошковски, Савески и Велковски

    20.11.2026 во 18:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ковид-19 сè уште е присутен во Македонија, потврдени три нови случаи
    • Владата со порака до партиите: Насилството не е тема за политички пресметки
    • Секоја пријава за семејно насилство веднаш ќе оди до обвинител, договорија Тошковски, Савески и Велковски
    • (ФОТО) По години негрижа исчистен подвозникот кај „Мост“, Ѓорѓиевски апелира да не се фрла отпад од автомобили
    • Мицкоски утре во Делчево: Ќе изврши увид во реконструкцијата на здравниот дом и спортската сала
    • Меџити: Чаир станува место за средба на албанските студенти преку Сенародната универзијада „Чаир 2026“
    • Донација од 47.000 евра за болницата во Кочани, со новата опрема веќе се извршени три операции
    • „Наставникот ги нападна нашите деца“ – родители пријавиле физички напад врз двајца ученици во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ковид-19 сè уште е присутен во Македонија, потврдени три нови случаи

    Ковид-19 сè уште е присутен во Македонија, потврдени три нови случаи

    20.11.2026 во 18:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Македонија за првпат оваа сезона е надминат прагот на вонсезонска активност и е регистрирана ниска сезонска активност на грипот, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за 46-тата недела (09–15.11.2026).

    Во текот на 46-тата недела пријавени се 154 случаи на грип или заболувања слични на грип, што е зголемување од 37,5 отсто во однос на претходната недела, а кумулативно во сезоната 2026/2027 регистрирани се вкупно 609 случаи.

    Најмногу заболени во изминатата недела се евидентирани во Тетово (49), Скопје (38), Куманово (19) и Радовиш (12), а според возраста најзастапена е групата од 15 до 64 години со 102 лица во 46-тата недела, односно 438 случаи кумулативно.

    Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ во 46-тата недела од 64 тестирани материјали потврдени се четири позитивни примероци за грип (три несубтипизирани Influenza A и еден Influenza А(H3)) и три позитивни за SARS-CoV-2, додека кумулативно од 259 материјали детектирани се 22 позитивни за грип и 11 за SARS-CoV-2.

    Од почетокот на вакцинацијата на 21.10.2026 година, заклучно со затворањето на извештајот, со бесплатни вакцини против сезонски грип се вакцинирани вкупно 25.458 лица од ризичните категории, а закажувањето се врши преку веб-страницата www.vakcinacija.mk.

    Од ИЈЗ потсетуваат на општите превентивни мерки, меѓу кои избегнување гужви и близок контакт со болни, често миење раце, проветрување простории, витаминска исхрана и останување дома при појава на симптоми, со препорака за навремено барање лекарска помош за повозрасните над 65 години, хронично болните и при влошување на состојбата.

    Прочитај повеќе

    Владата со порака до партиите: Насилството не е тема за политички пресметки

    20.11.2026 во 18:28

    Секоја пријава за семејно насилство веднаш ќе оди до обвинител, договорија Тошковски, Савески и Велковски

    20.11.2026 во 18:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.