Close Menu
Press24
    Најново

    Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Oбука за македонските здравствени работници во Едрене

    20.11.2026 во 11:32

    Пожар во болницата „8 Септември”

    20.11.2026 во 11:32

    Јаневска: Заедничка е одговорноста да им обезбедиме среќно детство и перспективна иднина на сите наши деца

    20.11.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Oбука за македонските здравствени работници во Едрене
    • Пожар во болницата „8 Септември”
    • Јаневска: Заедничка е одговорноста да им обезбедиме среќно детство и перспективна иднина на сите наши деца
    • „Скокна” синдикалната кошница: Колку пари му требаат на едно семејство за преживување?
    • Разлика поголема од 10 степени: УХМР ги измери температурите низ градовите, сонцето нема долго да трае
    • Никогаш не ја видоа повторно татковината: Споменик во Полска за македонските деца бегалци
    • Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот
    • ФОТО: Бесплатни садници за граѓаните и нови дрвја низ општината – Почна акцијата во Гази Баба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Oбука за македонските здравствени работници во Едрене

    Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Oбука за македонските здравствени работници во Едрене

    20.11.2026 во 11:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години.

    Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ — балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот Тракија го спроведува со поддршка на Министерството за здравство на Република Турција. Македонија е третата земја вклучена во проектот, по Косово и Бугарија.

    Соработката предвидува:

    • стручни престои и практична обука на македонски здравствени работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене;
    • размена на знаење и клиничко искуство меѓу стручните тимови;
    • заеднички научни истражувања и стручни настани;
    • институционална соработка што, покрај медицината, ги опфаќа и стоматологијата, фармацијата и здравствените науки.

    Протоколот е продолжение на меморандумот за разбирање во областа на здравството што министерот Клековски го потпиша со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, во октомври годинава во Истанбул, каде што стручната размена и специјалистичката едукација беа определени како приоритетни области.

    Во делегацијата на Универзитетот Тракија беа и проректорот и декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Седат Устундаг, деканот на Факултетот за стоматологија проф. д-р Али Јилмаз и директорот на Универзитетската болница проф. д-р Алкин Чолак.

    „Договорите вредат онолку колку што од нив ќе почувствува корист еден пациент. Со овој протокол нашите здравствени работници добиваат место каде ќе се доусовршуваат, а знаењето што ќе го донесат останува тука“, изјави министерот Клековски.

    Прочитај повеќе

    Пожар во болницата „8 Септември”

    20.11.2026 во 11:32

    Јаневска: Заедничка е одговорноста да им обезбедиме среќно детство и перспективна иднина на сите наши деца

    20.11.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.