Значителни температурни разлики се измерени низ земјава утрово. Според податоците од мерењата во 10 часот, најстудено е на Попова Шапка со само 7 степени Целзиусови, додека во Кавадарци температурата достигнала 21 степен.
Во Скопје во истиот термин се измерени 19 степени, што е значително потопло во споредба со планинските предели.
Разликата меѓу најниската и највисоката од овие измерени температури изнесува дури 14 степени.
Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 14 до 22 степени.

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со различен интензитет се очекува за време на викендот и на почетокот од следната седмица.
Позначителна промена на времето се најавува од понеделник, кога под влијание на студен воздушен бран температурите ќе почнат да опаѓаат. На одредени места се очекува живата во термометарот да се спушти и под нулата.

