Малолетно девојче било физички нападнато во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот во полиција го пријавила нејзината 33-годишна мајка на 18 ноември, околу 21:45 часот. Според пријавата, девојчето било нападнато од нејзиниот чичко, идентификуван со иницијалите М.Ф.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

