Американскиот претседател Доналд Трамп е отворен за идејата за безбедносни гаранции за Украина како дел од мировниот договор со Русија, изјави неговиот специјален пратеник и зет Џаред Кушнер.
Тој додаде дека таквиот договор треба да биде дел од поширок пакет за безбедност.
Кушнер им рече на новинарите дека разговорите во Берлин, денеска со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, „постигнаа голем напредок во тоа како би изгледале тие безбедносни гаранции“, но беа и во врска со планот за повоен просперитет.

