Close Menu
Press24
    Најново

    Засилени контроли низ Македонија: Полицијата проверува автобуси и товарни возила

    19.11.2026 во 12:21

    Полицијата влезе во „Макстил“: Се проверуваат сомнежи за еколошки криминал

    19.11.2026 во 12:09

    Македонија доби регионално признание за дигитална алатка за реформа на јавната администрација

    19.11.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени контроли низ Македонија: Полицијата проверува автобуси и товарни возила
    • Полицијата влезе во „Макстил“: Се проверуваат сомнежи за еколошки криминал
    • Македонија доби регионално признание за дигитална алатка за реформа на јавната администрација
    • Патарина ќе се плаќа според изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија
    • Дали ќе има снег оваа зима – Што покажуваат прогнозите за Македонија
    • Манасиевски: СДСМ и Филипче имаат двојни аршини за „Алта банка“, во 2023 година одобриле деловни односи со Мацура
    • Ѓорѓиевски го исполни ветувањето: По децении чекање добра вест за жителите на Шуто Оризари
    • Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, обвинителот Савески сè уште молчи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Засилени контроли низ Македонија: Полицијата проверува автобуси и товарни возила

    Засилени контроли низ Македонија: Полицијата проверува автобуси и товарни возила

    19.11.2026 во 12:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската сообраќајна полиција, како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции (ROADPOL), во периодот од 16 до 22 ноември 2026 година спроведува засилени сообраќајни контроли во рамки на меѓународната акција „Truck & Bus“, насочена кон зголемување на безбедноста на автобусите и товарните возила во патниот сообраќај, соопштение од МВР.

    Целта на акцијата е превенција на сообраќајните незгоди, навремено откривање и санкционирање на прекршоците и подигнување на нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот.

    Посебно внимание при контролите се посветува на техничката исправност и безбедносната опременост на автобусите и товарните возила, исполнувањето на законските услови за организиран превоз на деца, како и почитувањето на прописите при организирање училишни, образовни и рекреативни патувања. Дополнително, се проверуваат психофизичката состојба и способноста на возачите за безбедно управување со возилата, како и исполнувањето на останатите законски обврски во патниот транспорт.

    Паралелно со овие активности, полициските службеници спроведуваат засилени контроли и на останатите учесници во сообраќајот, со акцент на непочитувањето на ограничувањата на брзината, управувањето возило под дејство на алкохол или психотропни супстанции, некористењето сигурносен појас, неправилниот превоз на патници и другите прекршоци што директно ја загрозуваат безбедноста на патиштата.

    Министерството за внатрешни работи апелира до возачите, превозниците и сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да покажат високо ниво на одговорност при учеството во сообраќајот.

    Безбедноста на патиштата е заедничка одговорност, а почитувањето на правилата, исправноста на возилата и одговорното однесување се клучни за спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи.

    Министерството за внатрешни работи продолжува со континуирани превентивни активности и засилени сообраќајни контроли, во соработка со европските партнери, со цел унапредување на сообраќајната култура и создавање побезбедни патишта за сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Полицијата влезе во „Макстил“: Се проверуваат сомнежи за еколошки криминал

    19.11.2026 во 12:09

    Домот го претворил во продавница – Македонската полиција имала што да види

    19.11.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.