Close Menu
Press24
    Најново

    Владата со нови мерки за заштита на децата: Забрана на малолетничките бракови и борба против дигиталното насилство

    19.11.2026 во 11:07

    Владата префрли нови пари за бизнисот: За домашните компании обезбедени 250 милиони евра

    19.11.2026 во 11:04

    Тајван пријави нов прелет на два руски воени авиони Ту-95 во близина на островот

    19.11.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владата со нови мерки за заштита на децата: Забрана на малолетничките бракови и борба против дигиталното насилство
    • Владата префрли нови пари за бизнисот: За домашните компании обезбедени 250 милиони евра
    • Тајван пријави нов прелет на два руски воени авиони Ту-95 во близина на островот
    • Средба Сали – Исранг: Германија е стратешки партнер, потребен е предвидлив процес на проширување
    • Јанев за ЕРТ: Спречивме терористички напад во Грција
    • Божиновска на форумот P-TEC во Варшава: Интерконекторот со Грција ќе биде готов во јуни следната година
    • ФОТО: „Сејф Сити” му донесе светска награда на Тошковски – Признанието врачено во Дубаи
    • Загина познат актер – автомобил го прегазил на пешачки премин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата со нови мерки за заштита на децата: Забрана на малолетничките бракови и борба против дигиталното насилство

    Владата со нови мерки за заштита на децата: Забрана на малолетничките бракови и борба против дигиталното насилство

    19.11.2026 во 11:071 Min Read
    Министерство за правда
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Јетон Шасивари на Втората глобална министерска конференција за елиминирање на насилството врз децата, која се одржува во Манила, Филипини, ги претстави мерките и заложбите на Владата за подобра заштита на децата од сите форми на насилство.

    Меѓу главните приоритети што ги посочи се законска забрана на браковите пред навршување 18 години, зајакнување на заштитата од физичко и дигитално насилство и воспоставување специјализирани услуги за децата жртви на насилство.

    Шасивари најави и засилени мерки за спречување насилство во училиштата, како и формирање функционални меѓусекторски тимови во сите центри за социјална работа, кои ќе работат на навремено препознавање на ризиците и обезбедување поддршка за децата.

    Меѓу планираните активности се и воспоставување единствен систем за собирање и обработка на податоци, како и подобрување на механизмите за заштита на децата кои доаѓаат во контакт со правосудниот систем.

    Во своето обраќање, министерот истакнал дека меѓународните заложби мора да се преточат во конкретни законски решенија и функционални институции.

    Тој порачал дека ниту едно дете не смее да остане незаштитено и дека заштитата од насилство е не само законска обврска, туку и морална и државна одговорност, информираат од Министерството за правда.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Владата префрли нови пари за бизнисот: За домашните компании обезбедени 250 милиони евра

    19.11.2026 во 11:04

    Средба Сали – Исранг: Германија е стратешки партнер, потребен е предвидлив процес на проширување

    19.11.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.