Close Menu
Press24
    Најново

    Путин пристигна во Кина со нуклеарната актовка: Што се крие во мистериозниот „Чегет“

    19.11.2026 во 09:42

    Овие 3 хороскопски знаци се најдобри мајки: Нивната љубов е безусловна, децата им се на прво место

    19.11.2026 во 09:28

    Чудотворната руска вакцина наскоро би можела да лекува пет видови рак – Првиот пациент веќе нема метастази

    19.11.2026 во 09:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Путин пристигна во Кина со нуклеарната актовка: Што се крие во мистериозниот „Чегет“
    • Овие 3 хороскопски знаци се најдобри мајки: Нивната љубов е безусловна, децата им се на прво место
    • Чудотворната руска вакцина наскоро би можела да лекува пет видови рак – Првиот пациент веќе нема метастази
    • СДСМ: Загрозени се пензиите на 650.000 граѓани
    • ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”
    • ВРЕДИ до Ахмети: Наместо „Отворен Балкан“, приоритет треба да бидат Косово и Албанија
    • Еден знак ќе се соочи со љубомора, друг ќе добие деловна понуда – Проверете што ви носи денот
    • Вештачката интелигенција ќе ги менува професиите: Денеска во Скопје се одржува FutureX Summit 2026
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Путин пристигна во Кина со нуклеарната актовка: Што се крие во мистериозниот „Чегет“

    Путин пристигна во Кина со нуклеарната актовка: Што се крие во мистериозниот „Чегет“

    19.11.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина придружуван од соработник кој ја носеше таканаречената „нуклеарна актовка“ – уред наменет за командување со стратешките нуклеарни сили на Русија, пренесе АПА повикувајќи се на руски медиуми. Член на придружбата им потврдил на новинарите дека станува збор за специјална актовка која е дел од рускиот систем за нуклеарна команда и контрола.

    Уредот, познат како „Чегет“, му овозможува на државното раководство да одржува безбедна комуникација со воената команда и да издава наредби за употреба на нуклеарно оружје, објави 4news.mk. Иако снимката привлече внимание во јавноста, ваквата придружба е редовна протоколарна пракса при патувањата на рускиот претседател. Слични снимки беа забележани и за време на неговата посета на Пекинг во октомври 2023 година, кога по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг зад него одеа двајца униформирани руски офицери со вакви актовки.

    Системот „Чегет“ не е директно поврзан со нуклеарниот арсенал и не може самостојно да послужи за лансирање напад. Неговата функција е да ја потврди автентичноста на наредбата издадена од претседателот, по што таа се пренесува до Генералштабот на вооружените сили на Русија, кој е надлежен за нејзино извршување.

    Најновата снимка е објавена во пресрет на утрешната средба во кинескиот град Шенжен меѓу Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, на која се очекува една од главните теми да биде контролата на нуклеарното оружје. Присуството на актовката покрај рускиот претседател не значи зголемување на нуклеарната подготвеност на Русија.

    Прочитај повеќе

    Чудотворната руска вакцина наскоро би можела да лекува пет видови рак – Првиот пациент веќе нема метастази

    19.11.2026 во 09:14

    САД и Венецуела постигнаа договор за воена соработка

    18.11.2026 во 23:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.