Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”

    19.11.2026 во 09:11

    ВРЕДИ до Ахмети: Наместо „Отворен Балкан“, приоритет треба да бидат Косово и Албанија

    19.11.2026 во 09:06

    Еден знак ќе се соочи со љубомора, друг ќе добие деловна понуда – Проверете што ви носи денот

    19.11.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”
    • ВРЕДИ до Ахмети: Наместо „Отворен Балкан“, приоритет треба да бидат Косово и Албанија
    • Еден знак ќе се соочи со љубомора, друг ќе добие деловна понуда – Проверете што ви носи денот
    • Вештачката интелигенција ќе ги менува професиите: Денеска во Скопје се одржува FutureX Summit 2026
    • Професор од Велика Британија денеска гостува на УКИМ
    • По години во темнина – Струмица го осветлува булеварот кон бугарската граница
    • Тутунари, проверете ја влагата пред да го однесете тутунот на откуп
    • Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени – Ова е состојбата низ градовите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”

    ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”

    19.11.2026 во 09:111 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ повторно упати критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и опозициската партија во врска со нивните тврдења за работењето на Алта банка и наводната забрана за нејзина работа во Европската Унија.

    Од партијата обвинуваат дека СДСМ и Филипче со денови ширеле паника меѓу граѓаните, изнесувајќи тврдења дека банката е неликвидна, дека може да пропадне и дека постои опасност граѓаните да ги загубат своите средства.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, овие тврдења се покажале како неточни, а во меѓувреме се отвориле прашања за деловните релации на СДСМ и ДУИ со Алта банка и Давор Мацура.

    Од владејачката партија посочуваат дека СДСМ претходно барала надзорна расправа, но сега, како што тврдат, Филипче и неговата партија избегнуваат продолжување на расправата и соочување со прашањата.

    „Кога обвинуваат, СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат, молчат“, е пораката од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата бараат Филипче и СДСМ да одговорат кој ја говорел вистината за Алта банка, зошто биле изнесувани тврдења за нејзината стабилност и поради кои причини, според нив, сега се избегнува надзорната расправа.

    ВМРО-ДПМНЕ порачува дека опозицијата треба да понуди конкретни одговори и факти за сите отворени прашања и дека, како што наведуваат, не може да се избегне одговорноста со молчење.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ до Ахмети: Наместо „Отворен Балкан“, приоритет треба да бидат Косово и Албанија

    19.11.2026 во 09:06

    Вештачката интелигенција ќе ги менува професиите: Денеска во Скопје се одржува FutureX Summit 2026

    19.11.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.