Жителите на Љубош и Батинци денеска ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводната мрежа.
Дефектот е на водоводна цевка со профил Ф-150 милиметри, на улицата „Пат за Батинци“.
Прекинот во водоснабдувањето започнува во 05:00 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот.

