Close Menu
Press24
    Најново

    Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

    18.11.2026 во 20:37

    Средба на државниот обвинител Савески со црногорскиот амбасадор Миљаниќ

    18.11.2026 во 20:09

    Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 32.000 денари: Обвинителството бара притвор

    18.11.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
    • Средба на државниот обвинител Савески со црногорскиот амбасадор Миљаниќ
    • Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 32.000 денари: Обвинителството бара притвор
    • Девет полицајци обвинети за непостапување по пријавите на Росица – обвинителството со детали
    • Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа
    • Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба
    • 11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж
    • Потоп во Белград: Силното невреме ги поплави улиците, сообраќајот целосно блокиран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

    Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

    18.11.2026 во 20:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега залови 96 говеда во Крива Паланка. Како што потврди за МИА, се работи на изнаоѓање соодветно одржливо решение за решавање на проблемот, во координација и соработката со сите надлежни институции, вклучително и локалната самоуправа.

    Проблем се непристапниот терен, но и опструкциите од поранешните сопственици на кравите.

    – АХВ спроведува активности за решавање на проблемот со говедата, односно нивно заловување и покрај предизвиците со кои се соочува – непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици. Се работи на изнаоѓање соодветно одржливо решение за решавање на овој проблем со координација и соработката со сите надлежни институции, вклучително и со локалната самоуправа, со цел заедничко преземање соодветни активности и изнаоѓање решение во рамки на законските надлежности на секоја институција, водејќи сметка за заштитата на здравјето на луѓето и благосостојбата на животните, истакнуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски завчера побара од Владата и АХВ да најдат законска можност за решавање на проблемот со добитокот. Посочи дека граѓаните предолго трпат материјални штети, а правосилните и извршни решенија за одземање на животните, што постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. Митовски денеска, заедно со сограѓаните, поднесе неколку кривични пријави поради, како што наведе, сомневања за злоупотреба на службената положба, неспроведување на правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот и загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните. 

    – Бараме да се испита одговорноста на надлежните службени лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот. Поднесовме и претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, како и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат поради неспроведувањето на решенијата, напиша градоначалникот на својот фејсбук-профил

    Прочитај повеќе

    Средба на државниот обвинител Савески со црногорскиот амбасадор Миљаниќ

    18.11.2026 во 20:09

    Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 32.000 денари: Обвинителството бара притвор

    18.11.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.