Close Menu
Press24
    Најново

    Обвинение против девет велешки полицајци за убиството на Росица: Игнорирале седум пријави за семејно насилство

    18.11.2026 во 16:14

    Андроид испрати предупредување за земјотрес од 6,5 степени: И Македонија е на мапата

    18.11.2026 во 16:07

    По 40 часа санација, нов дефект ги остави штипјани повторно без вода

    18.11.2026 во 15:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обвинение против девет велешки полицајци за убиството на Росица: Игнорирале седум пријави за семејно насилство
    • Андроид испрати предупредување за земјотрес од 6,5 степени: И Македонија е на мапата
    • По 40 часа санација, нов дефект ги остави штипјани повторно без вода
    • Го призна делото и доби осум месеци затвор за палењето на автомобилите на бугарската амбасада
    • ЕВН ја исклучи струјата на четири факултети и Ректоратот, причината се неплатени сметки
    • Ужас на ГАК: На новороденче старо два дена му отсекле дел од палецот при вадење инфузија
    • Ковачевски до министерот Хоџа: Каде заглавија регионалните депонии и зошто е намалено европското финансирање за 40 отсто
    • Ковачевски до Јаневска: Дали оптимизацијата на училиштата носи квалитетно образование или само пониски трошоци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинение против девет велешки полицајци за убиството на Росица: Игнорирале седум пријави за семејно насилство

    Обвинение против девет велешки полицајци за убиството на Росица: Игнорирале седум пријави за семејно насилство

    18.11.2026 во 16:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Случајот со двојното убиство во Велес повторно ја актуелизира институционалната одговорност и пропустите во заштитата на жртвите кои бараат помош од надлежните служби.

    Според информациите, Росица пред трагедијата седум пати пријавувала насилство, напади и вознемирување од поранешниот партнер. Но, и покрај пријавите, на 15 септември 2025 година, тој ја убил Росица и нејзиниот татко во нивниот дом во Велес, а потоа си го одзел животот.

    Внатрешната контрола на МВР претходно утврди пропусти во постапувањето на 11 полициски службеници од СВР Велес, против кои беа поднесени кривични пријави и дисциплински постапки, а за дел од нив веќе беа изречени и дисциплински санкции.

    Меѓутоа, денеска, 18 ноември, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „неизвршување судска одлука“.

    Според обвинението, службениците во периодот од 21 февруари до 15 септември 2025 година не постапувале соодветно по пријавите на Росица за семејно насилство, со што сериозно ги повредиле нејзините права, вклучително и правото на живот.

    Од Обвинителството нагласуваат дека полицајците не ги применувале соодветно законските процедури за процена на ризик и за заштита на жртвата. И покрај изречените судски мерки за заштита, тие не постапувале по итните мерки, додека дел од службениците не го известиле надлежниот јавен обвинител за пријавите и доказите ги чувале во полициските простории без да поведат соодветна постапка.

    Прочитај повеќе

    Го призна делото и доби осум месеци затвор за палењето на автомобилите на бугарската амбасада

    18.11.2026 во 15:13

    Ужас на ГАК: На новороденче старо два дена му отсекле дел од палецот при вадење инфузија

    18.11.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.