Полициски службеници од СВР Скопје вчера, на 17.11.2026 година во 10:40 часот, ја лишиле од слобода 29-годишната З.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство.
Според полициските информации, инцидентот се случил на подрачјето на Бит Пазар, каде осомничената во семејниот дом физички ја нападнала својата 64-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.

