Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 43-годишната Т.Б. од ресенското село Јанковец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 9 октомври 2026 година, кога пријавената упатила закани кон дете и неговото семејство.
По упатените закани, таа со остар предмет удирала на вратата од дворот на куќата во која живеат родителите на детето.

