Триесет и петгодишниот Џ.Ш. од Струмица се здобил со тешки телесни повреди откако вчеравечер го удрило сопственото патничко возило на улицата „5 Ноември“ во Струмица, информираа од СВР Струмица.
Според полицискиот билтен, настанот во СВР Струмица бил пријавен околу 20:00 часот. Како што е утврдено, Џ.Ш. ги паркирал двете патнички возила, „пежо“ и „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, едно зад друго на улицата.
Бидејќи не ги преземал сите потребни мерки за безбедно паркирање, автомобилот „мерцедес“ самостојно се придвижил и удрил во Џ.Ш., како и во возилото „пежо“ кое било паркирано пред него.
По несреќата, повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Струмица.

