19-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата кај него пронашла марихуана и кокаин.
Според информациите од МВР, случајот датира од 9 ноември, кога полициски службеници на пешачка патека во Скопје го забележале младиот човек како фрла кеса. При проверката било утврдено дека во неа има марихуана, која била одземена.
По ова, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде полицијата пронашла и одзела кокаин.
Против Ф.С. (19) од Скопје СВР Скопје поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

