Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Забрзано се работи на првата подземна сообраќајница во Скопје

    17.11.2026 во 21:56

    Малолетник нападнат во Аеродром

    17.11.2026 во 21:32

    Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални проекти и ја зајакнува инфраструктурата

    17.11.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Забрзано се работи на првата подземна сообраќајница во Скопје
    • Малолетник нападнат во Аеродром
    • Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални проекти и ја зајакнува инфраструктурата
    • Со пиштол ѝ се заканувал на сопругата бидејќи поднела документи за развод
    • Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија
    • Три клиники добија нови директори
    • Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените
    • Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Забрзано се работи на првата подземна сообраќајница во Скопје

    Ѓорѓиевски: Забрзано се работи на првата подземна сообраќајница во Скопје

    17.11.2026 во 21:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Забрзано работиме на булеварот „Македонија“. Тоа е првата подземна сообраќајница во Градот Скопје. Иако не го ветив во мојата програма: до крајот на мојот мандат Скопје ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница. Улиците што ќе се слеваат кон неа ги проширивме и приспособивме за зголемениот сообраќај и продолжуваме со следните градежни фази, истакна вечерва градонаќалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој го презентираше едногодишниот отчет за сработеното оценувајќи дека во изминатите 12 месеци градската администрација успеала да ја стабилизира финансиската состојба, да ги деблокира клучните проекти и да започне нов инвестициски циклус во инфраструктурата, јавниот превоз и животната средина.

    Тој рече дека булеварот „Борис Трајковски“, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница, до крајот на годината, а можно е и пред зададениот рок, 100.000 граѓани ќе добијат целосно проширен, модерен и безбеден булевар за кој се чекаше повеќе од 30 години, а привршува и сложената клучка кај Момин Поток, значајна за развој на три наши општини. Во Карпош, преку новиот мост на Вардар, посочи тој, ги поврзуваме „Љубљанска“ и „Скупи“ – врска што ќе биде исто така готова до крајот на оваа календарска година; ја расчистивме и трасата и веќе се асфалтираат пристапните улици на булеварот „АСНОМ“ низ Керамидница, за конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

    – Со овие проекти, почитувани, ќе го растовариме сообраќајот и за првпат ќе преземеме, односно ќе поврземе досега неповрзани делови од нашиот град. Го подготвуваме капиталниот проект за мост и улица што ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Сарај и ќе создадат нов влез во Градот Скопје. Работиме на проектите за булеварот „Хасан Приштина“ и за новиот мост преку Вардар меѓу Ново Лисиче и Маџари. Тоа е нешто што граѓаните најмногу ми го бараат изминатиов период, така што од наредната година ќе започнеме и со реализација на тој мост, рече Ѓорѓиевски

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални проекти и ја зајакнува инфраструктурата

    17.11.2026 во 21:03

    Утре од 8 часот наутро ќе снема струја – Најавени исклучувања во пет општини

    17.11.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.