Close Menu
Press24
    Најново

    Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија

    17.11.2026 во 20:12

    Три клиники добија нови директори

    17.11.2026 во 19:56

    Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

    17.11.2026 во 19:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија
    • Три клиники добија нови директори
    • Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените
    • Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ
    • Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ
    • Минчев на министерски состанок на ReSPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услови
    • Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу нив и малолетници
    • Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија

    Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија

    17.11.2026 во 20:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Доколку Франција испрати свои војници во Украина, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили, предупреди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

    Нејзината изјава доаѓа по претходните најави на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во февруари изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање француски војници во Украина.

    Захарова оцени дека реториката на Макрон е поврзана со неговата намера да создаде таканаречена „стратешка неизвесност“ за Русија.

    „Доколку Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, изјави Захарова.

    Таа додаде дека Москва не е изненадена од изјавите на официјален Париз, оценувајќи дека француското раководство ја користи тезата за руска закана за да ги оправда зголемените воени трошоци.

    Изјавите на Захарова се дел од низата реакции на Москва на можноста за поголемо воено присуство на западните земји во Украина, идеја што францускиот претседател Макрон ја отвори во јавноста.

    Во меѓувреме, руските власти повеќепати предупредија дека присуството на странски воени сили на украинска територија би го сметале за директно мешање во конфликтот.

    Прочитај повеќе

    Затворен Кримскиот мост по украински ракетен напад со „Фламинго“ – пријавени се сериозни оштетувања

    17.11.2026 во 18:10

    Седумнаесет загинати во пад на руски воен транспортен авион во Сибир

    17.11.2026 во 17:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.