Close Menu
Press24
    Најново

    „Жените нема да молчат“: Тренчевска бара итна седница со Тошковски и Савески по случајот со Сара

    17.11.2026 во 12:53

    АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

    17.11.2026 во 12:40

    УХМР најави силен ветер над 80 km/h и дожд, до петок топло, а од сабота нагло заладување

    17.11.2026 во 12:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Жените нема да молчат“: Тренчевска бара итна седница со Тошковски и Савески по случајот со Сара
    • АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад
    • УХМР најави силен ветер над 80 km/h и дожд, до петок топло, а од сабота нагло заладување
    • Познат идентитетот на загинатиот српски пилот: Горан Булајиќ во 2014 со чамец спаси над 150 луѓе во Обреновац
    • АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција
    • Манасиевски: СДС ја одложува расправата за Алта банка откако се откри дека продавала државни акции
    • Почна откупот на тутунот: 435 денари за килограм прва класа, се најавува и зголемување на субвенциите
    • Голем пожар во рафинерија на „Газпром“ во Русија по наводен напад со украински дронови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Жените нема да молчат“: Тренчевска бара итна седница со Тошковски и Савески по случајот со Сара

    „Жените нема да молчат“: Тренчевска бара итна седница со Тошковски и Савески по случајот со Сара

    17.11.2026 во 12:533 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес – конференција повика да се одржи  итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Ненад Савески.

    Тренчевска, побара и итно ставање на дневен ред на законските измени за спречување и заштита од насилство врз жените, кои стојат во фиока од август.

    „Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите. Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи“, рече Тренчевска.

    На прес – конференцијата Тренчевски нагласи дека мора да се утврди одговорноста на сите институции и поединци кои потфрлиле во постапувањето по случајот. 

    „Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Одговорноста дефинитивно е во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство, затоа што не може да се пушти со мерки за претпазливост, насилникот кој што сторил такво брутално насилство.И не може да биде покренато обвинение без да се да се наведуваат членови од Кривичниот законик за телесна повреда, а без да се земат сите околности во предвид. Затоа што и од исказите и од она што го прочитавме на социјалните мрежи и од мајката на Сара, видовме дека тука станува збор за обид за убиство, не за семејно насилство. Ова е класичен пример на насилство врз жени.Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд“, рече Тренчевска.

    Таа нагласи дека случајот со бруталното насилство врз Сара од Охрид уште еднаш покажа дека институциите се само инструмент на власта и не ја гарантираат безбедноста на жените, додавајќи дека наместо навремено и професионално постапување, институциите дозволија жртвата да заврши во болница, а насилникот да биде пуштен на слобода, што отвора сериозни сомнежи за политички влијанија и заштита од локални ВМРО-вски функционери.

    „Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност“, рече Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: СДС ја одложува расправата за Алта банка откако се откри дека продавала државни акции

    17.11.2026 во 12:00

    Тренчевска бара оставка од Тошковски

    17.11.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.