Close Menu
Press24
    Најново

    АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

    17.11.2026 во 12:40

    УХМР најави силен ветер над 80 km/h и дожд, до петок топло, а од сабота нагло заладување

    17.11.2026 во 12:34

    Познат идентитетот на загинатиот српски пилот: Горан Булајиќ во 2014 со чамец спаси над 150 луѓе во Обреновац

    17.11.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад
    • УХМР најави силен ветер над 80 km/h и дожд, до петок топло, а од сабота нагло заладување
    • Познат идентитетот на загинатиот српски пилот: Горан Булајиќ во 2014 со чамец спаси над 150 луѓе во Обреновац
    • АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција
    • Манасиевски: СДС ја одложува расправата за Алта банка откако се откри дека продавала државни акции
    • Почна откупот на тутунот: 435 денари за килограм прва класа, се најавува и зголемување на субвенциите
    • Голем пожар во рафинерија на „Газпром“ во Русија по наводен напад со украински дронови
    • Најмалку 14 загинати и 30 повредени во тешка верижна несреќа во Обединетите Арапски Емирати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

    АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

    17.11.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Агенцијата за национална безбедност континуирано ги следи состојбите поврзани со глобалните безбедносни закани и предизвици со кои се соочува Европа и регионот во изминатиот период. Од почетокот на 2026 година Агенцијата во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, но и во координација со МВР-БЈБ на национално ниво преземаше активности за разоткривање на намери и планови на лица надоврзани на странски/ирански фактори, за извршување на терористички акти.

    Во таа насока Агенцијата презеде сет од оперативно-технички и аналитички активности со цел разоткривање на прокси мрежа од земјава, надоврзана на иранскиот државјанин Edris Jahangiri Mavaneh, издиференциран како лице поврзано со други прокси актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и негова поврзаност со нарко босот Naji Sharifi Zindashti.

    „Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаа подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт/атентат врз лице во Грција.

    Во координација и размена со странски партнерски служби беше разоткриен нивниот modus operandi, за одржување на конспиративни средби на територија на трети земји, вклучително и Иран, при што беа потврдени конекциите со иранскиот државјанин, кој е главен носител на планираната терористичка акција. Информациите укажуваат дека станува збор за лице кое има широка мрежа на прокси актери и контакти со лице од висок интерес за безбедносните служби, односно истиот е соработник на иранските безбедносно-разузнавачки служби.

    Ваквите конекции, како и фактот дека изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, е во корелација со обидите на иранските разузнавачки служби за нивно затскривање преку криминални прокси мрежи во трети земји, вклучително и Македонија“, соопштија од АНБ.

    Агенцијата во рамките на своите надлежности останува фокусирана кон зачувување на националната безбедност, за што ќе продолжи со активности за детектирање и спречување на евентуални терористички закани преку прокси елементи од Иран, како и разоткривање на други лица инволвирани во ирански прокси мрежи.

    Прочитај повеќе

    УХМР најави силен ветер над 80 km/h и дожд, до петок топло, а од сабота нагло заладување

    17.11.2026 во 12:34

    АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција

    17.11.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.