Голем пожар избувна ноќта кон вторник во рафинеријата и петрохемискиот комплекс „Газпром Нефтехим Салават“ во руската република Башкортостан, по наводен напад со украински беспилотни летала, објави „Киев Индепендент“.
Од медиумот наведуваат дека засега не се во можност независно да ја потврдат точната локација на пожарот, ниту дали самиот индустриски капацитет бил директно погоден.
Станува збор за еден од најголемите рафинериски и петрохемиски комплекси во Русија, лоциран на околу 1.750 километри источно од Киев. Фабриката има капацитет за преработка до 10 милиони тони нафта и гасен кондензат на годишно ниво, а во неа се произведуваат бензин, дизел и низа други нафтени и хемиски деривати.

