22-годишен скопјанец доби кривична пријава откако полицијата при преглед на неговото возило пронашла пиштол, две рамки и муниција.
Од СВР Скопје информираат дека против Р.А. (22) е поднесена кривична пријава за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Настанот се случил на 5 ноември во Скопје, кога полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Ауди“, управувано од пријавениот. При контролата биле пронајдени и одземени пиштол марка „Црвена Застава“, две рамки и куршуми.

