Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека во текот на десетте години на претседателската функција работел во интерес на државата и францускиот народ, признавајќи дека во тој период биле направени и одредени грешки.
Макрон се огласи преку социјалната мрежа Икс, одбележувајќи десет години од најавата дека ќе се кандидира за претседател на Франција.
„Сакам да им кажам и на оние кои не гласаа за мене дека, во секое време, дадов сè од себе за високите интереси на државата“, напиша францускиот претседател.
Тој призна дека во текот на неговото претседателствување имало и грешки, но нагласи дека секојдневно работел заедно со луѓе кои придонесувале за Франција.
„Понекогаш имаше грешки, но секој ден работевме напорно, заедно со многу исклучителни луѓе, во служба на Франција и францускиот народ“, додаде Макрон, заблагодарувајќи им се на сите што му ја дале својата поддршка и доверба.
Макрон го завршува вториот претседателски мандат во мај 2027 година, а според францускиот Устав нема право на трет последователен мандат. Претседателските избори во Франција се закажани за 18 април и 2 мај 2027 година.

