Водата во Струга е забранета за пиење поради зголемена заматеност во градскиот водовод, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Според информацијата, заматеноста на мерните места во градот е од 1,52 НТУ до 1,8 НТУ, а примероците од изворот „Шум“ покажале 0,89 НТУ заматеност. Дозолената граница на заматеност е 1,5 НТУ.
Водата, како што соопшти претпријатието, може да се користи за техничка употреба.

