Осомничениот за бруталното претепување на 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид имал 1,29 промили алкохол во крвта, потврдија од охридската полиција. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информираше дека е формиран посебен полициски тим за целосно расчистување на случајот. Во истрагата веќе се земени изјави од девојката, осомничениот и други лица, а се анализираат и снимките од безбедносните камери за да се утврди што точно се случувало пред и по нападот. Против 31-годишниот осомничен е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда при семејно насилство, а судот му одреди мерки на претпазливост наместо притвор. Државниот јавен обвинител Ненад Савески најави дека по разгледувањето на доказите ќе се одлучува за конечната правна квалификација на делото.
- Насилникот од Охрид пијан ја тепал Сара – МВР ги објави резултатите од алкотестот
- Нетанјаху се обидел да изврши државен удар?
- Филипче: И со три минимални плати не може да се живее
- Паднал и изгубил свест: По 17 часа заврши потрагата по планинарот кај Прилеп
- Дипломатски скандал во Брисел: Со српска песна за Косово отворен самитот за проширување
- СДСМ утре организира протест во Охрид за поддршка на Сара
- Савески: Исказот на Сара е клучен – обвинението може и да се смени во обид за убиство
- Битолчанецот што побегна од прозор во полициска станица денеска сам се предал

