Close Menu
Press24
    Најново

    Паднал и изгубил свест: По 17 часа заврши потрагата по планинарот кај Прилеп

    16.11.2026 во 13:56

    Дипломатски скандал во Брисел: Со српска песна за Косово отворен самитот за проширување

    16.11.2026 во 13:53

    СДСМ утре организира протест во Охрид за поддршка на Сара

    16.11.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднал и изгубил свест: По 17 часа заврши потрагата по планинарот кај Прилеп
    • Дипломатски скандал во Брисел: Со српска песна за Косово отворен самитот за проширување
    • СДСМ утре организира протест во Охрид за поддршка на Сара
    • Савески: Исказот на Сара е клучен – обвинението може и да се смени во обид за убиство
    • Битолчанецот што побегна од прозор во полициска станица денеска сам се предал
    • Хаџи Василева: Влијанија имало и ќе има, интегритетот се гледа во односот на обвинителите кон нив
    • Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност
    • Тинејџер од Македонија обвинет за обид на убиство на познат белградски бос
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднал и изгубил свест: По 17 часа заврши потрагата по планинарот кај Прилеп

    Паднал и изгубил свест: По 17 часа заврши потрагата по планинарот кај Прилеп

    16.11.2026 во 13:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повеќечасовна потрага, денеска (16.11.2026 година), во 10:15 часот, во село Кален, во Мариовскиот регион, беше пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во близина на село Лениште, општина Прилеп.

    Во акцијата беа вклучени полициски службеници, екипа на ТППЕ Прилеп, РЦУК Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, со координација на Центарот за управување со кризи.

    Настанот се случи вчера во попладневните часови, кога лицето, по пад и губење на свеста, во 16:47 часот се јави на телефонскиот број за итни случаи 112, со цел да ја утврди точната локација на која се наоѓа. Притоа посочи дека се наоѓа помеѓу село Лениште и манастирот над селото.

    Веднаш по пријавата беа известени надлежните полициски служби, по што полициска екипа излезе на терен и започна потрага. Во дополнителен телефонски разговор, остварен во 17:10 часот, лицето информираше дека се движи кон село Лениште, но дека батеријата на мобилниот телефон му е при крај.

    И покрај преземените активности, до 18:30 часот лицето сè уште не беше пронајдено, а неговиот мобилен телефон беше исклучен. Потрагата беше интензивирана, со вклучување на дополнителни полициски службеници и екипа на ТППЕ Прилеп. Беше извршена и проверка на неговата домашна адреса, при што беше утврдено дека не се вратило дома.

    Во текот на целата акција, Центарот за управување со кризи (ЦУК), континуирано ја координираше потрагата и комуникацијата меѓу надлежните институции и службите вклучени во теренските активности, со цел навремено преземање на потребните мерки и ефикасно спроведување на акцијата.

    По повеќечасовната потрага, утрово лицето беше пронајдено во село Кален, во Мариовскиот регион. Веднаш по пронаоѓањето, екипа на граничната полиција се упати на терен со цел безбедно да го преземе и донесе.

    Прочитај повеќе

    Битолчанецот што побегна од прозор во полициска станица денеска сам се предал

    16.11.2026 во 13:27

    Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”

    16.11.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.