Close Menu
Press24
    Најново

    Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност

    16.11.2026 во 12:28

    Тинејџер од Македонија обвинет за обид на убиство на познат белградски бос

    16.11.2026 во 12:22

    Ристовска Додевски: 2.500 ученици во Центар сè уште немаат бесплатен оброк

    16.11.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност
    • Тинејџер од Македонија обвинет за обид на убиство на познат белградски бос
    • Ристовска Додевски: 2.500 ученици во Центар сè уште немаат бесплатен оброк
    • Делови од четири скопски општини утре без струја: Проверете дали сте на списокот
    • Големи температурни разлики – УХМР најавува нов пресврт со времето
    • Поскапува регистрацијата на возилата во регионот од 1 декември: Еве колку ќе изнесуваат новите такси
    • Ќе нема вода – Прекин на водоснабдувањето на неколку улици
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот на Сара: Скандалозна одлука на обвинителството – некој мора да одговара
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност

    Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност

    16.11.2026 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска одговори дека охридското обвинителство постапува за случајот со претепаната девојка, од својот партнер во Охрид, и дека веќе се врши и разговор со нападнатата девојка, која е задржана на болничко лекување.

    -Во обвинителството во Охрид интензивно се работи на разоткривање на работата, свесни за тоа колку е од значење јавното обвинителство да покаже брзо и ефикасно постапување, свесни за опасноста на овој вид криминалитет и сите претходно случувања, кои што ги имавме. Ве уверувам дека јавното обвинителство ги превзема сите истражни дејствија се со цел да се расветли во целост овој случај и очекувам во текот на денот да бидам известен од надлежен јавен обвинител, дури и да донесе конечна јавна обвинителска одлука, рече Савески.

    На прашањето зошто за овој случај на осомничениот насилник не му е изречена мерка притвор, туку мерка на претпазливост, и како се решава во вакви случаи зошто се оди со кривичното дело „тешка телесна повреда“, а не „обид за убиство“,  Савески посочи:

    -Доколку би ви одговорил на вашето прашање и би утврдил соодветна правна квалификација тоа би се сведело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере од истражната постапка, односно сето она што ќе биде собрано како доказен материјал ќе биде ценето. Денеска сум известен од обвинителот дека се во контакт со жртвата. Тој исказ е многу суштествен, од него ќе ни произлезат многу докази кои што се со голема доказна вредност, истакна републичкиот јавен обвинител.

    Прочитај повеќе

    Ристовска Додевски: 2.500 ученици во Центар сè уште немаат бесплатен оброк

    16.11.2026 во 11:37

    Делови од четири скопски општини утре без струја: Проверете дали сте на списокот

    16.11.2026 во 11:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.