Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ жестоко удри по РТС: Дали подготвувате терен за апсење на Вучиќ

    16.11.2026 во 11:08

    Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”

    16.11.2026 во 11:05

    Позитивна оценка од Брисел за работата на Царината

    16.11.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ жестоко удри по РТС: Дали подготвувате терен за апсење на Вучиќ
    • Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”
    • Позитивна оценка од Брисел за работата на Царината
    • Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад
    • Цената на нафтата расте
    • Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди
    • Ормускиот теснец под закана од мини: Иран тврди дека потонале шест танкери
    • Полицијата со детали за нападот врз Сара: Осомничениот доби мерки на претпазливост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Брнабиќ жестоко удри по РТС: Дали подготвувате терен за апсење на Вучиќ

    Брнабиќ жестоко удри по РТС: Дали подготвувате терен за апсење на Вучиќ

    16.11.2026 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ана Брнабиќ упати остри критики до Радио телевизија на Србија (РТС) откако јавниот сервис ги пренесе наводите на поранешниот белгиски амбасадор дека Европската Унија за време на изборната ноќ вршела притисок врз Александар Вучиќ да ги повлече безбедносните сили од Пионирскиот парк за да спречи граѓанска војна.

    Во објава на социјалната мрежа X, Брнабиќ го оцени ваквото известување како ширење лаги и го обвини јавниот сервис дека со тоа креира атмосфера за евентуално апсење на поранешниот претседател:

    „Срам да ви е, „ослободена“ РТС! Ослободена – но од каква било одговорност за изговорените зборови. Какви лаги се овие што ги започнуваат главните вести на јавниот сервис?! Одвратно, одвратно, опасно. Дали пленумските комесари ви наредија да го направите ова како подготовка за наратив за апсењето на Александар Вучиќ?“, напиша Брнабиќ.

    Таа категорично ги отфрли обвинувањата дека Вучиќ подготвувал судири во случај на изборен пораз, нагласувајќи дека тој во изминатите две години работел на зачувување на мирот:

    „Подготовка на граѓанска војна ако ги изгуби изборите? Не, вие мизерни безрбетници што го правите ова. Александар Вучиќ ја заштитуваше Србија две години, токму за да не се случи граѓанската војна што медиуми како денешната РТС се обидуваа со сета сила (со лаги) да ја предизвикаат“, изјави Брнабиќ.

    Потсетувајќи дека Вучиќ бил единствениот кој однапред ветил дека ќе ги признае резултатите и му честитал на победникот, Брнабиќ возврати со обвинување кон Студентската листа дека нејзините претставници не дале такво ветување и дека тие би иницирале немири доколку загубеле:

    „А ако изгубеа, тогаш најверојатно ќе започнаа граѓански конфликти, бидејќи се подготвуваа за тоа, а не за победа“, напиша Брнабиќ.

    Дополнително, таа ги демантираше тврдењата за каков било контакт или притисок од страна на Европската Унија за време на изборната ноќ, посочувајќи дека цело време била со него во партиското седиште:

    „Бев со Александар Вучиќ во седиштето на нашата партија од 19 часот. Тој не добил никакви покани, ниту пак некогаш им дозволил на странците да му диктираат како ќе ја води Србија“, изјави таа.

    На крајот од својата реакција, Брнабиќ оцени дека странски фактори вложиле огромни ресурси за негово симнување од власт:

    „На крајот на краиштата, тоа е една од причините зошто морале да инвестираат толку многу од сè – пари, логистика, разузнавање – за да го отстранат“, напиша Брнабиќ, завршувајќи го постот со зборовите: „РТС – Радио-телевизија на срамот“.

    Прочитај повеќе

    Учениците во Србија се враќаат на настава, а веќе се знае кога почнува и зимскиот распуст

    16.11.2026 во 09:45

    Добри вести за пензионерите – од декември пензиите се зголемуваат

    15.11.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.