Close Menu
Press24
    Најново

    Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад

    16.11.2026 во 10:58

    Цената на нафтата расте

    16.11.2026 во 10:54

    Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди

    16.11.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад
    • Цената на нафтата расте
    • Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди
    • Ормускиот теснец под закана од мини: Иран тврди дека потонале шест танкери
    • Полицијата со детали за нападот врз Сара: Осомничениот доби мерки на претпазливост
    • Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со реформите, но и со заштита на националните интереси
    • Претреси завршија со апсења – Полицијата приведе две лица
    • Братот на претепаната Сара: „Татко ми го задржаа во полиција, а напаѓачот е на слобода“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад

    Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад

    16.11.2026 во 10:582 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати или уништени 1.336 украински беспилотни летала лансирани кон повеќе региони во Русија, вклучувајќи го Московскиот регион и Крим.

    Според податоците на градските власти, кон Московскиот регион од вчера во 17 часот до утрово во 8 часот биле испратени околу 600 дронови. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека најголемиот дел од леталата биле соборени на поголема оддалеченост, додека 191 биле запрени пред самиот град:

    „Повеќето од нив биле уништени од воздушната одбрана на Министерството за одбрана од далеку“, рече градоначалникот, додавајќи дека 191 беспилотни летала биле „неутрализирани на приодите кон Москва“.

    Засега нема официјални информации за евентуална материјална штета или повредени лица во руската престолнина.

    Истовремено, цел на напад бил и мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим, што предизвикало прекин во движењето на возилата. Како што пренесува францускиот весник „Фигаро“, шефот на локалната администрација назначена од Москва, Сергеј Аксионов, на Телеграм објави дека „непријателот го удри Кримскиот мост и сообраќајот ќе биде ограничен до пладне“, без да прецизира дали има жртви.

    Овој бран напади со беспилотни летала следува по вчерашните украински удари врз голема руска петрохемиска фабрика, рафинерија за нафта и погон за воено производство.

    Интензивирањето на воздушните напади се случува непосредно пред најавениот состанок во кинескиот град Шенжен меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг. Иако ова ќе биде прва трилатерална средба од ваков формат, американски претставници оценуваат дека е малку веројатно војната во Украина да биде тема на разговорите.

    Прочитај повеќе

    Ормускиот теснец под закана од мини: Иран тврди дека потонале шест танкери

    16.11.2026 во 10:36

    САД сакаат да ја потиснат кинеската технологија, Трамп подготвува посебна програма за 20 компании

    16.11.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.