Таткото на Сара Ѓоргиевска од Охрид, која викендов беше претепана и оставена на улица пред супермаркет, од вчера напладне се наоѓа во полициска станица, откако на семејството на осомничениот му испратил порака дека „ќе им вратат“. Во меѓувреме, осомничениот за нападот, Кристијан Корабоски, бил пуштен од полициската станица, тврди братот на Сара, Димитар Ѓоргиевски, во изјава за „Слободен печат“.
Тој за „Слободен печат“ посочува дека неговата сестра во полициската станица Охрид, при давањето изјава за кривичната пријава, повеќепати раскажала дека осомничениот мислел оти таа е мртва, по што со својот татко разговарал како да се ослободи од нејзиното тело. Според сведочењето на Сара, како што пренесува нејзиниот брат, таа слушнала и инструкции во врска со тоа.
Димитар открива и дека Сара минатата ноќ не можела да спие во болницата, но на членовите на семејството не им било дозволено да останат покрај неа. Како образложение, според него, од болницата им било кажано дека има многу вируси и дека посетите не се дозволени.
Тој за „Слободен печат“ посочува и дека додека Сара била хоспитализирана, во истата болница бил донесен и осомничениот за давање на снимање.
Семејството тврди дека постои и видеоснимка од моментот кога девојката била исфрлена од автомобилот, на која, според нив, е забележан целиот настан.
Претходно се огласи и мајката на Сара на социјалните мрежи. Ирена Ѓорѓиеска Според тврдењата на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, што дополнително ја вознемирило семејството. Таа во објавата посочува дека тој претходно се фалел со влијанието и познанствата на неговите родители, со кои, наводно, можел да ги решава проблемите.
Особено вознемирувачки се наводите на Ѓорѓиеска за случувањата во моментите кога Сара била во бессознание. Таа тврди дека осомничениот, мислејќи дека девојката е мртва, побарал помош од својот татко за да се ослободи од нејзиното тело.
„Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“, наведува мајката, пренесувајќи ги зборовите за кои тврди дека Сара ги слушнала додека била во беспомошна состојба.
Ѓорѓиеска тврди и дека телефонот на нејзината ќерка бил намерно искршен за да не може да побара помош. Според нејзиното сведоштво, лицата од опкружувањето на осомничениот одбивале да ја однесат девојката во болница, иако таа барала медицинска помош.
Во објавата се изнесуваат и наводи дека осомничениот во еден момент побарал нож за да ја „докрајчи“, како и дека постоел обид за влијание врз медицинскиот извештај за повредите на девојката. Според мајката, тетката на осомничениот контактирала со болницата со цел да се намали сериозноста на повредите во документацијата.
Мајката наведува дека Сара дошла при свест пред осомничениот да успее да ја однесе и да ја фрли во провалија, по што, според нејзините тврдења, ја оставил на улица.
На крајот од објавата, Ѓорѓиеска бара надлежните институции темелно да го испитаат случајот и да утврдат дали имало обиди за прикривање на настанот или влијание врз постапката.преку објава на Фејсбук изнесе сериозни обвинувања за нападот врз нејзината ќерка, како и за настаните што следувале по него.

