Close Menu
Press24
    Најново

    Мали борци кои се борат од првиот ден – До 700 бебиња годишно се раѓаат предвреме во Македонија

    16.11.2026 во 08:40

    Мајката на претепаната Сара бара правда: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија”

    16.11.2026 во 08:36

    Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите

    16.11.2026 во 08:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мали борци кои се борат од првиот ден – До 700 бебиња годишно се раѓаат предвреме во Македонија
    • Мајката на претепаната Сара бара правда: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија”
    • Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите
    • Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица
    • Скандал ја тресе Бугарија: Ива Михаилова откри притисоци од бугарската тајна служба
    • Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК
    • Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите
    • Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица

    Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица

    16.11.2026 во 08:25Updated:16.11.2026 во 08:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тежок случај на насилство ја вознемири јавноста во Охрид, откако девојка била физички нападната од својот партнер, претепана до онесвестување и оставена на улица пред маркет. За нападот е приведен 31-годишен охриѓанец.

    Според досегашните информации, настанот започнал по расправија меѓу девојката и нејзиниот партнер, откако претходно биле заедно во угостителски објект. Потоа продолжиле со автомобил, каде што, според објавените информации, нападот продолжил.

    Девојката била тепана сè додека не ја изгубила свеста. Осомничениот потоа продолжил да вози низ градот, а кога таа повторно се освестила, наводно ја исфрлил од возилото во близина на маркет и ја оставил на улица.

    Повредената била итно пренесена во болница, каде што е задржана на лекување. Според информациите објавени од „Слободен печат“, таа е сместена на одделението за коскено-зглобни заболувања, а биле направени и повеќе дијагностички испитувања, меѓу кои и компјутерска томографија на главата.

    Од СВР Охрид потврдија дека осомничениот Х.К. (31) бил лишен од слобода на 15 ноември во 05:05 часот.

    „Постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К. (31) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од полицијата.

    Случајот предизвика дополнително внимание во јавноста, а околностите и мотивите за нападот треба да бидат утврдени во понатамошната постапка.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Мали борци кои се борат од првиот ден – До 700 бебиња годишно се раѓаат предвреме во Македонија

    16.11.2026 во 08:40

    Мајката на претепаната Сара бара правда: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија”

    16.11.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.