Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Неколкумина наши членови преминаа во ЗНАМ, партиските редови ни се почисти

    15.11.2026 во 11:06

    ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ

    15.11.2026 во 10:50

    Нов режим на сообраќај во Скопје: Се затвора крстосница – сообраќајот ќе се пренасочува, еве каде

    15.11.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Неколкумина наши членови преминаа во ЗНАМ, партиските редови ни се почисти
    • ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ
    • Нов режим на сообраќај во Скопје: Се затвора крстосница – сообраќајот ќе се пренасочува, еве каде
    • Денеска не седнувајте зад волан без ова во колата – Казната е 2760 денари
    • Подгответе се за нов температурен шок – доаѓаат температури невообичаени за средината на ноември
    • Македонка загина во страшна сообраќајка во Албанија
    • Изменет режим на сообраќај во Скопје: Автобусите на линиите 7, 9, 18 и 118 ќе возат по променети траси
    • Постојано ја следел и вознемирувал бившата – Полицијата приведе гевгеличанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Неколкумина наши членови преминаа во ЗНАМ, партиските редови ни се почисти

    СДСМ: Неколкумина наши членови преминаа во ЗНАМ, партиските редови ни се почисти

    15.11.2026 во 11:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ – здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. 

    Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците.

    За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот.

    Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму  Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија.

    Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ.

    Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. 

    Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници.

    ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски.

    Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. 

    Сега сите се на исто место. Им благодариме.

    Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ

    15.11.2026 во 10:50

    Меџити во Бурса: Се разговараше за стручна експертиза и финансиска поддршка за ревитализација на Старата скопска чаршија

    14.11.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.