Close Menu
Press24
    Најново

    Германија ќе се вклучи во мировните преговори за Украина

    13.11.2026 во 18:13

    Американскиот министер за финансии: Нема да ме исплашат заканите со смрт од Иран

    13.11.2026 во 17:38

    Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа

    13.11.2026 во 17:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Германија ќе се вклучи во мировните преговори за Украина
    • Американскиот министер за финансии: Нема да ме исплашат заканите со смрт од Иран
    • Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
    • Гаши: Нема проблем кој не може да се реши преку отворен дијалог и координација
    • Вучиќ со остри критики за Студентската листа: Мислат дека ќе диктираат кој ќе ги води комитетите, програмата им е од ChatGPT
    • Вознемирувачки случај во Делчево: 15-годишник допирал и уценувал 11-годишно девојче
    • Инвестициите во електричната мрежа се основа за развој и дел од цената на струјата
    • МВР со алармантни податоци: Семејното насилство пораснало за 69 проценти, евидентирани и 100 деца жртви
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германија ќе се вклучи во мировните преговори за Украина

    Германија ќе се вклучи во мировните преговори за Украина

    13.11.2026 во 18:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Германија ќе учествува во можните нови преговори за ставање крај на руската војна против Украина – за кои рече дека ќе се одржат „во наредните недели“ – додека лидерите на Европската унија разговараа за тоа кој треба да зборува во име на блокот, јави ДПА.

    „Германија ќе биде таму, тоа е апсолутно јасно“, рече Мерц денеска на маргините на самитот на Европската унија во Даблин.

    Дискусијата за тоа кој ја претставува Европа во преговорите со Русија повторно се разгоре откако европските претставници не учествуваа директно во разговорите меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, кои се одржаа претходно оваа недела во Абу Даби.

    Меѓутоа, делегации од Германија, Франција, Обединетото Кралство, ЕУ и НАТО беа присутни во Абу Даби.

    Американскиот преговарач Џаред Кушнер вчера навести дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да прифати европско вклучување во процесот.

    Разговорите со европско учество „се очекува да се одржат за првпат во наредните недели“, изјави Мерц денеска, пренесе германската агенција.

    „Ние, се разбира, ќе продолжиме да ги застапуваме заедничките европски интереси и таму“, рече Мерц, кој очекува во процесот да биде вклучена истата група Европејци што веќе беше присутна во Абу Даби.

    Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, ги повика присутните лидери да се придржуваат до сегашните правила на ЕУ, според кои таа, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја претставуваат ЕУ во прашањата поврзани со надворешната и безбедносната политика, потсетува ДПА.

    Прочитај повеќе

    Американскиот министер за финансии: Нема да ме исплашат заканите со смрт од Иран

    13.11.2026 во 17:38

    Вучиќ со остри критики за Студентската листа: Мислат дека ќе диктираат кој ќе ги води комитетите, програмата им е од ChatGPT

    13.11.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.