Close Menu
Press24
    Најново

    МВР со алармантни податоци: Семејното насилство пораснало за 69 проценти, евидентирани и 100 деца жртви

    13.11.2026 во 15:50

    Ветерот прави хаос во Битола: Стакло од излог паднало врз две деца, итно пренесени на Ургентно

    13.11.2026 во 15:38

    Го тепале со дрвени палки – Охриѓанец нападнат во Струга на улица

    13.11.2026 во 15:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР со алармантни податоци: Семејното насилство пораснало за 69 проценти, евидентирани и 100 деца жртви
    • Ветерот прави хаос во Битола: Стакло од излог паднало врз две деца, итно пренесени на Ургентно
    • Го тепале со дрвени палки – Охриѓанец нападнат во Струга на улица
    • Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје, да живее Македонија
    • Дефект на водоводна мрежа во Скопје: Овие улици утре остануваат без вода
    • Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу
    • Го чекале пред училиште: Малолетник тепан од петмина врсници со боксови, клоци и тврди предмети
    • Скопје: 4-годишно девојче паднало по скали, после два дено го однеле со тешки повреди на доктор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со алармантни податоци: Семејното насилство пораснало за 69 проценти, евидентирани и 100 деца жртви

    МВР со алармантни податоци: Семејното насилство пораснало за 69 проценти, евидентирани и 100 деца жртви

    13.11.2026 во 15:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во првите десет месеци од 2026 година во полицијата се пријавени 1.897 настани поврзани со семејно насилство, што претставува зголемување од околу 69 проценти во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани 1.125 случаи, покажуваат податоците презентирани на новинарски брифинг во Министерството за внатрешни работи.

    Според изнесеното, во истиот период се регистрирани 1.489 кривични дела, наспроти 984 лани, што е раст од околу 51 процент. Податоците ги презентираше Билјана Шуперлинска, помошник-директор во Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа при МВР, која посочи дека најголем дел од пријавените настани, околу 20 отсто, се на подрачјето на СВР Скопје, иако анализата не ја зема предвид густината на населението по региони.

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, зголемениот број пријави го поврза со поголемата подготвеност на жртвите да побараат помош.

    „Ова се должи на трендот на охрабрување на жртвите да пријавуваат насилство и зголемена доверба кон полицијата“, рече Тошковски.

    На брифингот било посочено и дека, согласно измените на Кривичниот законик, МВР сега постапува по службена должност за нанесена телесна повреда во контекст на семејно насилство. Кривични пријави се поднесени против 1.521 сторител, додека притвор е определен за 163 лица. Анализата покажува дека жените најчесто се жртви од сопрузите, партнерките во вонбрачни заедници и мајките, додека мажите сочинуваат 91 процент од сторителите. Посебно загрижува податокот дека во првите девет месеци се евидентирани 100 деца жртви, а вкупниот број регистрирани дела само за првите десет месеци од годинава веќе го надминува рекордот од претходните години.

    Прочитај повеќе

    Ветерот прави хаос во Битола: Стакло од излог паднало врз две деца, итно пренесени на Ургентно

    13.11.2026 во 15:38

    Го тепале со дрвени палки – Охриѓанец нападнат во Струга на улица

    13.11.2026 во 15:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.