Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа

    13.11.2026 во 17:24

    Гаши: Нема проблем кој не може да се реши преку отворен дијалог и координација

    13.11.2026 во 17:14

    Вучиќ со остри критики за Студентската листа: Мислат дека ќе диктираат кој ќе ги води комитетите, програмата им е од ChatGPT

    13.11.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
    • Гаши: Нема проблем кој не може да се реши преку отворен дијалог и координација
    • Вучиќ со остри критики за Студентската листа: Мислат дека ќе диктираат кој ќе ги води комитетите, програмата им е од ChatGPT
    • Вознемирувачки случај во Делчево: 15-годишник допирал и уценувал 11-годишно девојче
    • Инвестициите во електричната мрежа се основа за развој и дел од цената на струјата
    • МВР со алармантни податоци: Семејното насилство пораснало за 69 проценти, евидентирани и 100 деца жртви
    • Ветерот прави хаос во Битола: Стакло од излог паднало врз две деца, итно пренесени на Ургентно
    • Го тепале со дрвени палки – Охриѓанец нападнат во Струга на улица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа

    Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа

    13.11.2026 во 17:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Имаме најстабилна Владата во регионот, тврди премиерот по најавите на ЗНАМ за можно напуштање на владината коалиција, доколку не се договорат околу полагањето на правосудниот испит. 

    „Владата се бира со мнозинство во парламентот, ние имаме мнозинство кое во моментов е многу повеќе од 61 пратеник. Така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа и продолжуваме да испорачуваме она што е важно како овој објект и други“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

    Мицкоски најави и лидерска средба со коалициските партнери во декември. Вчера раководството на ВМРО-ДПМНЕ имало средба и со ВРЕДИ, на која се разговарало за принципите на коалициското функционирање, идните предизвици во енергетиката, како и за кадровските решенија, за кои разговорите ќе продолжат во наредниот период. 

    „Разговаравме за коалициска лидерска средба, и рековме дека во рамките на декември месец ќе организираме таква коалициска лидерска средба“, дополни Мицкоски. 

    Правосудниот испит нема во целост да се полага на албански јазик. Во владиниот предлог испратен до Венецијалнската комисија како предлог- решение е наведено теоретскиот дел од испитот освен на македонски, да има можност да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот да остане исклучиво на македонски. По мислењето на Венецијанската комисија, предлогот ќе продолжи во законодавна постапка. 

    Прашањето се актуелизираше со барањата на студентите Албанци, кои бараат можност правосудниот испит да го полагаат на мајчин јазик, повикувајќи се на Законот за употреба на јазиците.

    Габриела Лескова

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: СДСМ фатени во лага, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ туку прекршочна санкција

    13.11.2026 во 13:09

    Мицкоски: Состојбата со енергентите во Европа е алармантна, но правиме сè во Македонија да нема поскапувања

    13.11.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.