Close Menu
Press24
    Најново

    Честитка од Филипче за Денот на ослободувањето на Скопје: Ќе го вратиме градот на граѓаните

    13.11.2026 во 12:10

    Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2027: Проектиран раст од 3,8% и 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции

    13.11.2026 во 12:06

    Дожд повтроно ќе ја зафати Македонија – УХМР соопшти кога не очекуваат обилни врнежи

    13.11.2026 во 11:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честитка од Филипче за Денот на ослободувањето на Скопје: Ќе го вратиме градот на граѓаните
    • Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2027: Проектиран раст од 3,8% и 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции
    • Дожд повтроно ќе ја зафати Македонија – УХМР соопшти кога не очекуваат обилни врнежи
    • (ФОТО) Шумската полиција удри по дрвокрадците: Одземени 734 кубни метри дрва, трактори, камиони и моторни пили
    • Герасимовски за обвинувањата за урбанистичкото планирање: Го унаказивте Центар
    • Фрчкоски: Мицкоски и Славески се одговорни за скандалот со Алта банка, институциите мора да истражуваат
    • (ВИДЕО) Скопско Волво во водите на Егејското Море
    • К-15 не е добра волја на газдите, туку законска обврска – Колку пари ќе легнат на сметките
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Честитка од Филипче за Денот на ослободувањето на Скопје: Ќе го вратиме градот на граѓаните

    Честитка од Филипче за Денот на ослободувањето на Скопје: Ќе го вратиме градот на граѓаните

    13.11.2026 во 12:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до граѓаните по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, порачувајќи дека слободата извојувана од борците во НОБ претставува обврска која мора да се чува и пренесува на идните генерации.

    Во објавата на социјалните мрежи, тој упати остри критики за актуелната состојба во главниот град, оценувајќи дека Скопје е повторно заробено.

    „На овој ден им оддаваме почит на хероите од Народноослободителната борба, на нивната храброст, пожртвуваност и непокор, на партизаните што го ослободија Скопје од фашистичкиот окупатор. Тие се бореа и се жртвуваа за слобода, за достоинство и за иднина на Скопје – да биде град на сите граѓани. Слободата што ни ја оставија хероите од НОБ не е само историски спомен, таа е наша обврска што треба да ја чуваме и пренесуваме на идните генерации. За жал, денес Скопје повторно е заробено од неспособната и криминална власт на ВМРО, која го претвори главниот град во заложник на сопствените бизнис-интереси. Градот тоне во сообраќаен хаос, преполн со ѓубре и диви депонии, со небезбедни улици и нефункционални јавни услуги. Наместо развој и европска метропола, скопјани добија град во кој секојдневието е борба за основните потреби“, пишува Филипче.

    Тој нагласува дека граѓаните не заслужуваат ваква состојба и најави континуирана борба за враќање на градот.

    „Водени од вредностите за кои се бореа генерациите пред нас – слобода, солидарност, правда и достоинство, ќе ја продолжиме борбата против криминалната власт, ќе го вратиме Скопје на граѓаните. Вечна слава на хероите од Народноослободителната борба“, истакнува претседателот на СДСМ, Филипче.

    Прочитај повеќе

    Фрчкоски: Мицкоски и Славески се одговорни за скандалот со Алта банка, институциите мора да истражуваат

    13.11.2026 во 11:38

    Максим Димитриевски: Компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото

    12.11.2026 во 21:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.