Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Шумската полиција удри по дрвокрадците: Одземени 734 кубни метри дрва, трактори, камиони и моторни пили

    13.11.2026 во 11:46

    Герасимовски за обвинувањата за урбанистичкото планирање: Го унаказивте Центар

    13.11.2026 во 11:42

    Фрчкоски: Мицкоски и Славески се одговорни за скандалот со Алта банка, институциите мора да истражуваат

    13.11.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Шумската полиција удри по дрвокрадците: Одземени 734 кубни метри дрва, трактори, камиони и моторни пили
    • Герасимовски за обвинувањата за урбанистичкото планирање: Го унаказивте Центар
    • Фрчкоски: Мицкоски и Славески се одговорни за скандалот со Алта банка, институциите мора да истражуваат
    • (ВИДЕО) Скопско Волво во водите на Егејското Море
    • К-15 не е добра волја на газдите, туку законска обврска – Колку пари ќе легнат на сметките
    • Снимање за TikTok заврши со смрт: Тигар усмрти тинејџер
    • Драма како на филм во Македонија: Со автомобил тргнале кон полицајците за време на претрес
    • Во сабота е голем празник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Шумската полиција удри по дрвокрадците: Одземени 734 кубни метри дрва, трактори, камиони и моторни пили

    (ФОТО) Шумската полиција удри по дрвокрадците: Одземени 734 кубни метри дрва, трактори, камиони и моторни пили

    13.11.2026 во 11:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, транспортот и трговијата со дрвна маса од незаконско потекло.

    Најголем дел од одземената количина сочинуваат даб и бука, односно запленети беа 288 кубни метри даб и 274 кубни метри бука. Преостанатиот дел од запленетата дрвна маса опфаќа 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво (трупци).

    Во рамките на акциите против дрвокрадците, Шумската полиција привремено одзеде 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили. Притоа, до надлежните судови поднесени се 122 прекршочни пријави, а до Основното јавно обвинителство 25 кривични пријави.

    „Од дрвокрадството заработуваат поединци, а штетата ја трпат сите граѓани. Затоа продолжуваме со засилените контроли и одлучно ќе се постапува против секоја незаконска активност со која се уништуваат шумите. Ќе бараме одговорност и од оние што бесправно сечат и од оние што ги препродаваат дрвата. Шумите се заедничко богатство и наша обврска е да ги заштитиме“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски за обвинувањата за урбанистичкото планирање: Го унаказивте Центар

    13.11.2026 во 11:42

    Фрчкоски: Мицкоски и Славески се одговорни за скандалот со Алта банка, институциите мора да истражуваат

    13.11.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.