Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остра и децидна порака во врска со нуклеарниот договор со Иран, истакнувајќи дека враќањето кон претходните преговарачки рамки повеќе не е опција и дека тоа време е официјално минато.
Според ставот на Вашингтон, поранешните меѓународни договори не успедоа да ги содржат регионалните амбиции на Техеран и развојот на нивната нуклеарна програма. Со ова, американската администрација јасно става до знаење дека политиката кон Иран се насочува кон нови, многу построги услови и притисоци, наместо кон оживување на старите дипломатски договори.

