На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46) од селото, информираа од МВР.
Веднаш е постапено по пријавата и со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала И.Д. дека разговара со други жени и му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила.
Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. На 10.11.2026 во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Кратово: Пријавила дека партнерот ја малтретира и напаѓа, по лекарскиот преглед следувал нов шок
- Кривични пријави за двајца браќа од беровско Двориште: Запленети пиштол, полициска опрема и муниција
- Серија апсења во Скопје
- Манасиевски: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ свесно манипулира и креира хистерија
- Утре ќе нема струја до 16:30 – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
- Прегазен 31-годишен пешак на улица во Тетово
- Со возила им го блокирале патот, па брутално ги претепале – Крвав инцидент кај Гостивар
- Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка

