Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат најновите статистички податоци на Евростат.
Во споредба со земјите од регионот, највисока стапка на убиства е евидентирана во Црна Гора со 1,92 на 100.000 жители, а по неа следува Бугарија со 1,23. Пониска стапка од земјава имаат Србија со 0,82 и Грција со 0,78 убиства на 100.000 жители.
На ниво на Европската Унија, на врвот на листата се наоѓаат балтичките земји. Највисока стапка на убиства имала Литванија со 2,63 на 100.000 жители, по која следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.
Од друга страна, најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.
Податоците покажуваат и позитивен десетгодишен тренд на намалување. И покрај тоа што има највисока стапка во Унијата, Литванија бележи најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.
Трендот на намалување во изминатата деценија е присутен и во Македонија, каде што во 2014 година биле регистрирани 1,21 убиство на 100.000 жители, наспроти сегашните 1,10.

